Долгоочекуваните врвни тероар вина "Бела Вода" и "Барово" од бербата 2010 година на винарската визба "Тиквеш", се пуштени во продажба во рестораните, хотелите и кафулињата, како и во поголемите маркети во Македонија. Повторно покажавме дека процесот на создавање на вина со висок квалитет е наша долгорочна определба. Инвестиравме во врвна технологија, експертиза и човечки ресурси. Кога ќе се спојат овие три компоненти резултатот е врвно вино кое е конкурентно не само на домашниот, туку и на странските пазари. "Бела Вода" и "Барово" од берба 2010 година ќе бидат достапни во ограничени количини, а освен во Македонија, ова вино ќе биде пласирано и на странските пазари. Неодамна примерок од Бела Водаа од берба 2010 година, доби и високиот член на британското кралско семејство, принцот Мајкл од Кент, при неговата посета на Тиквеш".
Долгоочекуваните врвни тероар вина "Бела Вода" и "Барово" од бербата 2010 година на винарската визба "Тиквеш", се пуштени во продажба во рестораните, хотелите и кафулињата, како и во поголемите маркети во Македонија.
- Повторно покажавме дека процесот на создавање на вина со висок квалитет е наша долгорочна определба. Инвестиравме во врвна технологија, експертиза и човечки ресурси. Кога ќе се спојат овие три компоненти резултатот е врвно вино кое е конкурентно не само на домашниот, туку и на странските пазари - изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ "Тиквеш".
"Бела Вода" и "Барово" од берба 2010 година ќе бидат достапни во ограничени количини, а освен во Македонија, ова вино ќе биде пласирано и на странските пазари.
Неодамна примерок од Бела Водаа од берба 2010 година, доби и високиот член на британското кралско семејство, принцот Мајкл од Кент, при неговата посета на Тиквеш". Бела Вода" беше оценето со високи 94 поени од светски познатиот вински критичар од САД, Роберт Паркер, познат и како вински адвокат, со што ова вино се вброи меѓу најценетите вина во светот.